Германското железничко претпријатие Дојче Бан прекина дел од линиите и го запре тргнувањето на возовите поради силна бура.
Дојче Бан денеска објави дека ги сопрело возовите во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, бидејќи неколку линии беа отсечени поради дрвјата кои паднаа на шините.
Германскиот метеоролошки завод предупреди дека се очекува бурата да потрае до доцна вечерва во западните и во централните делови на земјата, со ветрови кои се движат со брзина до 120 километри на час.
Во Дуизбург, за време на невремето се урна голем товарен кран кој заврши во Рајна.Зоолошките градини во Дортмунд, Вупертал и Хам се затворени поради бурите.