Свет 20. јуни 2018. / 12:52

Поради проблемите со ѕидот кон Мексико, Трамп и се заканува на Амриканската Федерална Влада

Поради проблемите со ѕидот кон Мексико, Трамп и се заканува на Амриканската Федерална Влада

Претседателот Трамп се закани дека ќе го прекине финансирањето на Федералната Влада, поради неуспехот на Конгресот да одвои средства за граничниот ѕид со Мексико, за време на приватниот состанок во понеделникот.

Претседателот беше гневен на конгресните републиканци и претставници во Белата куќа на состанокот, велејќи им дека нема да се двоуми да ја затвори владата на крајот на фискалната година во Септември, ако не ги добие сите 25 милијарди долари потребни за ѕидот. Сенатот досега понудил само 1,6 милијарди долари.

Трамп подоцна тврдеше дека безбедноста на границите е дел од неговото решение за “нулта толеранција” кон нелегалните имигранти, и дека однесувањето на конгресот и сенатот сеуште предизвикува контроверзии.

“Не сакам децата да бидат одземени од родителите”, изјави Трамп во толпата на прославата на националната федерација на независни бизниси во вторникот. “Туку сакам земја со срце и сочувство кон останатите граѓани, а не еден џиновски бегалски камп”.

“Како резултат на дупкиз во нашите федерални закони, повеќето илегални имигрантски семејства и малолетни лица од Централна Америка, кои пристигнуваат незаконски на границата, не можат да бидат задржани заедно, отстранети заедно, туку само ослободени”, продолжи Трамп. “Тоа се единствените две опции: целосно отворени граници или кривично гонење”.

Претседателот го повика Конгресот да обезбеди “трета опција” за да се спречи раздвојување на семејствата додека возрасните се гонат. Тој, исто така, ги отфрли повиците од страна на републиканците и демократите за да се справи со имиграцијата и заостанатите случаи на нелегален влез, едноставно ангажирајќи повеќе судии, повикувајќи се на безбедноста на границите, што ќе ги охрабри имигрантите да влезат преку законски пристаништа.