Свет 24. август 2018. / 18:11

Поради пожарот во Германија евакуирани 600 лица

Поради пожарот во Германија евакуирани 600 лица

Поради шумскиот пожар што избувна на подрачјето помеѓу градовите Тројенбрицен и Јутербог во Германија, евакуирани се жителите на три села, јавува Anadolu Agency (AA).

Локалните медиуми наведуваат дека пожарот се проширил на 300 хектари земјиште. Подрачјето зафатено со пожарот е оддалечено од Берлин 50 километри. Пожарот во некои подрачја се наоѓа и до 100 метри од населбата. Евакуирани се околу 600 лица.

Гувернерот на дистриктот Потсдам-Мителмарк, Кристијан Стеин, изјави дека пожарот, според прелиминарните податоци, избувнал на неколку места и брзо се проширил на 300 хектари земјиште.

Според неговите зборови, на теренот се околу 300 пожарникари.

Од Општината Тројенбрицен е потврдено дека се евакуирани жителите од селата Тифенбрунен, Клаусдорф и Фронсдорф.