Свет 28. јули 2019. / 21:00

Поради песна: Тројца свадбари се убиени, а четворица се тешко повредени

Поради песна: Тројца свадбари се убиени, а четворица се тешко повредени

Трагедија на свадба во градот Баалбек во Либан. Загинаа три лица на самото место, а четворица се тешко повредени, кога на еден од свадбарите не му се допаднала една песна.

Националната новинска агенција објави дека личниот спор на свадбата ескалирал со престрелка со огнено оружје.

Според извештаите во медиумите, судирот меѓу членовите на семејствата Зоаитер и Амхаз избувнал кога еден човек отворил оган кoн пејачот на свадбата и неговиот брат, при што ги убил на самото место, пред и самиот да биде убиен.

Човекот, наводно, бил разгневен од текстот на песната.

Во меѓувреме, војници се распоредени во регионот во обид да спречат ескалација на судрот на двете семејства.