Свет 21. октомври 2020. / 12:16

Поради пандемијата во Романија половина милион луѓе може да останат без работа

Поради пандемијата во Романија половина милион луѓе може да останат без работа

Економските мерки поради новиот коронавирус би можеле да значат дека повеќе од 500.000 луѓе во Романија ќе останат без работа, а над 300.000 компании би оделе под стечај.

Се предвидува дека негативните економски ефектите, како за вработените, така и за сопствениците на фирмите би може да се почувствуваат в година.

Романија од буџетот на Европска Унија ќе добие 36,7 милијарди евра помош за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19.