Европски производител на авиони, „Ербас“, објави нето загуба од 481 милиони евра и нагласи дека многу брзо се почувствувале последиците од пандемијата на корона вирусот на сметката на компанија.
Една година порано, Групацијата имаше нето добивка од 40 милиони евра.
Во соопштението на „Ербас“ се наведува дека приходот на компнијата за првите три месеци од 2020 година се намалл за 15,2 отсто на 10,6 милијарди евра, како одраз на тешкото опкружување што влијае на пазарот на цивилното воздухопловство.
За време на тој периодот поради пандемијата, европскиот производител на авиони испорачал 40 машини помалку отколку пред една година.