Австралиските власти наредија задолжителна евакуација на некои места на југоисточниот брег на земјата, а на туристите во таа област им е наредено да ги напуштат туристичките места во рок од 48 часа, бидејќи за в сабота се очекува нов топлотен бран што ќе биде погоден за ширење на големи пожари кои ја пустошат државата во последниве недели.
Премиерката на државата Нов Јужен Велс, Гладис Берџиклијан, прогласи седумдневна вонредна состојба во која од петок се одобрува присилната евакуација на луѓето.
It’s been a dreadful drive from Melbourne back to #Sydney; peering through the smoke & listening to the bushfire news for hours and hours ??#bushfirecrisis #australiaburns #climatecrisis #bushfiresAustralia pic.twitter.com/VD5Ph98trC
— Prof Emma L Johnston AO FTSE (@DrEmmaLJohnston) January 2, 2020
Од почетокот на сезоната на пожари во септември, ова е третпат кога во најнаселената држава Австралија е прогласена за вонредна состојба.
– Ние не донесуваме такви одлуки лесно, но сакаме да осигураме дека се преземени сите неопходни мерки за да се подготвиме за она што може да биде ужасна сабота – соопшти премиерката.
Илјадници луѓе почнаа да ја напуштат областа и долга колона возила се протега по автопатот што води кон Сиднеј.
Пред најавата за вонредни состојби, Противпожарната служба на Јужен Нов Велс утрово побарала од туристите да ги напуштат местата во крајбрежната зона на 200 километри од градот Бејтменс Беј кон југ и државата Викторија.
Туристите треба да заминат пред сабота, што ќе биде „опасен ден“ со засилен ветер и температури над 40 Целзиусови степени. Бројни туристи поминаа две ноќи отсечени во места без електрична енергија и комуникација со мали количини храна.
– Евакуацијата на туристичката зона ќе биде најголемата досега спроведена во оваа област – изјави министерот за транспорт на Јужен Нов Велс, Ендру Констанс.
Во пожарите, што од септември пустошат низ Австралија и повремено навлегуваат во населените места, животот го загубија 18 лица. во австралиските држави Нов Јужен Велс и Викторија, поради пожарите што не можат да се стават под контрола, оваа недела се исчезнати 17 лица.
Пожарите досега уништија површина од околу пет милиони хектари. Неделава во Викторија изгореле 68, а во соседниот Нов Јужен Велс 381 куќа. Во двете држави пожарите се активни на приближно 200 точки.
En Australie, des pompiers filment les flammes qu’ils traversent à bord de leur camion pic.twitter.com/AtJRARlfHJ
— BFMTV (@BFMTV) January 2, 2020