Изградбата на „Северен тек 2“ е стопирана веќе две недели, поради мрестење на бакаларите во Балтичко Море, јавуваат германските медиуми.
Како што се наведува, во тој поглед, данските власти ги забранија сите работи на изградба на гасоводот до крајот на септември.
Медиумите, постсетуваат дека природата како да оди рака под рака со западноевропските политичари и потсетуваат дека токму поради Северен тек американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во Данска.
Како што неодамна оцени весникот „Велт“, Помпео пристигна во Копенхаген на „деликатна мисија со намера да го спречи по секоја цена завршувањето на изградбата на гасоводот“, пренесува Спутник.
Пред една недела, Вашингтон се закани со нови санкции против компаниите кои ја „помагаат“ Русија да ја заврши изградбата на гасоводот.