Околу четири милиони луѓе во Германија се регистрирани во шемата за скратено работно време во државата, поради економското забавување предизвикано од пандемијата на корона вирусот.
Овој бројот е пресметан врз основа на репрезентативно истражување преку интернет спроведено од фондацијата „Ханс Баклер“, што го следи германскиот пазар на трудот и е тесно поврзана со синдикатите во земјата.
Од 7.600 вработени анкетирани помеѓу 3 и 14 април, 14 проценти велат дека работат со скратено време. Ова е еднакво на четири милиони во споредба со целата германска работна сила.
Федералната агенција за вработување информира дека секоја трета компанија од оние кои имаат право да аплицираат за владина шема го сторила тоа.
Државата покрива 50 проценти од приходите на вработените останати без работа, или 67 проценти од вработените со деца дома.