Со недели главниот град на Тајланд , Бангкок се гуши во смог , а неговите жители веќе не можат да ја издржат загаденоста .
Жителите на Бангкок велат дека животот им е вистински хорор , сите кашлаат и исплукуваат крв. Не помагаат ниту заштитините маски , а докторските ординации се преполни со пациенти со серизони нарушувања на здравјето.
Во продавниците владее недостиг на заштитини маски , но и тоа не помага , велат дека се поголем број исплукува крв. Некои почнале и да импровизираат , па наместо да бараат заштитини маски , врз устата и носот врзуваат долна облека.
Градските власти во средата затвориле 437 училишта , поради високите концентрации на загаден воздух.