Повеќе од милион морски птици умреле над Тихиот Океан за помалку од 12 месеци, а експертите наведуваат дека виновна за таквата појава е топлата вода од океанот.
Во период од летото 2015 година до пролетта 2016 година од глад умреле околу милион тенко клунести норки, а нивните безживотни тела морето ги исфрлило на западниот брег на САД и Канада, од Калифорнија до Алјаска.
Научниците велат дека причината за смртта на птиците е огромната струја на топлата океанска вода која се појавила на североисточниот дел на Тихиот Океан, што се нарекува дамка.
Многу годишниот интензивен бран на морска топлина почна во 2013 година, а се засили за време на летото 2015 година поради моќниот временски феномен наречен „Ел Нињо“, што траеше до 2016 година.
Топлотниот бран создаде дамка, односно океанско подрачје големо 1.600 километри, кое било потопло од вообичаеното за три до шест степени Целзиусови. Гребенот под висок притисок ги смири океанските води, што значи дека водата останала топла без бурите коишто би и помогнале да се олади.
Тие неколку степени повеќе предизвикале пустош во морскиот екосистем, што довело до намалување на микроскопските алги со кои се хранат многу животни, од шкампи до китови. Од друга страна, почна и масовно цветање на штетни алги кои предизвикуваат смрт на многу морски организми.
И на источниот брег на Нов Зеланд се појавила дамка толку голема што може да се забележи од универзумот. Таа зафаќа еден милион квадратни километри, што е област поголема од Тексас.
Многу ретко може да се забележи дамка од топла вода во океаните на толку голема површина. Научниците велат дека глобалните климатски промени ги прават овие појави сè почести.