Свет 16. јануари 2020. / 15:01

Поради глобалното затоплување исчезнале два острова во Индонезија

Поради глобалното затоплување исчезнале два острова во Индонезија

Два ненаселени острова во индонезиската провинција Јужна Суматра се целосно потопени под вода како резултат на зголемувањето на нивото на морето предизвикано од глобалното затоплување.

Исчезнувањето на островите го објави весникот „Стрејт тајмс“, цитирајќи ги податоците од локалниот Форум за заштита на животната средина.

– Бетските и Гундулските острови сега се наоѓаат на 1-3 метри под морското ниво. Доколку не се преземе итна акција, на уште четири острови во рамките на таа провинција им се заканува исчезнување – изјави шефот на таа невладина организација, Хајрул Собри.