Свет 04. ноември 2019. / 10:50

Поради аерозагадувањето во Њу Делхи затворени училиштата и пренасочени авионски летови

Поради аерозагадувањето во Њу Делхи затворени училиштата и пренасочени авионски летови

Во многу делови на индиската престолнина Њу Делхи воздухот достигна опасно ниво на загадување, поради што градските власти ги советуваат жителите да останат во своите домови.

Над градот се забележува густ облак од смог, што е причина за затворање на голем број училишта. Прекинати се и бројни градежни работи, а околу 30 авионски летови се пренасочени.

Властите ги советуваат жителите на главниот град да носат заштитни маски, да не ги отвораат прозорците и да избегнуваат физички активности надвор од своите домови.

Како мерка за заштита од загадувањето тие започнаа со ограничување на возењето според парни и непарни броеви на регистарските таблички на возилата.

Властите велат дека речиси 1,2 милиони регистрирани возила во Њу Делхи ќе бидат исклучени од сообраќај дневно, во текот на двенеделното ограничување.

Њу Делхи е еден од најзагадените градови во светот, а властите веќе прогласија вонредна состојба.