Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека ќе има средба меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и претседателот на Русија Владимир Путин кога ќе бидат ослободи украинските морнари, уапсени за време на инцидентот во Керчкиот мореуз.
– Сакаме морнарите и бродовите да бидат вратени. – порача Помпео, запрашан за продолжетокот на дијалогот со Русија.
Денеска и Белата куќа се огласи со информација дека имало неформална средба меѓу двајцата претседатели.
Портпаролката Сара Сандерс рече дека претседателите се сретнале за време на вечерата во Буенос Аирес.
Како што изјави Сандерс, Трамп и сопругата имале повеќе неформални средби за време на вечерата со светските лидери, меѓу кои и со Путин.
Денеска требаше да се одржи средбата на двајцата претседатели, која ја откажа Трамп пред тргнувањето кон Аргентина.