Свет 05. февруари 2020. / 12:17

Помпео со порака до Украинците: Крим е завршена приказна

Помпео со порака до Украинците: Крим е завршена приказна

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, за време на посетата на Киев, на состанок зад затворени врати со кримско-татарски активисти изјавил дека Украина го загубила Крим.

Ваквата изјава, Помпео ја дал како одговор на една активистка која за време на средбата рекла дека САД мора да го држат Крим во видокругот на својата надворешна политика.

Крим е изгубен. Светските играчи тоа го знаат. Украина го узгуби Крим, а Русија не е една од оние земји на коишто е возможно нешто да им се одземе – изјавил Помпео, пренесува „Спутњик“.

Изворите на агенцијата информираат и дека активистката го замолила Помпео да помогне за организирање на конференција за Крим во Вашингтон, но судејќи според изразот на лицето на Помпео додека го одговарал тоа прашање, било јасно дека неговите приоритети се сосема различни од тоа да учествува на таква конференција.

Крим стана дел од Русија во марѕ 2014 година по референдумот на кој „за“ гласаа 96,77 отсто од гласачите на Крим и 95,6 отсто од жителите на Севастопољ.

И рускиот претседател Владимир Путин неколкупати изјавуваше дека прашањето за Крим е затворено, но Украина и натаму го смета Крим за своја, привремено окупиорана територија.