Свет 08. ноември 2019. / 15:01

Помпео со остри критики за Русија и Кина во Берлин

Помпео со остри критики за Русија и Кина во Берлин

„Русија убива политички противници, а тактиката на Кина би била „ужасно позната“ на поранешните источни Германци“, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Во говорот во Берлин, а во врска со падот на Берлинскиот ѕид 1989 година, Мајк Помпео рече дека Западот го изгубил патот во позадина на тој величенствен момент, пренесува Ројтерс.

– Денеска Русија, која ја води поранешен офицер на КГБ, некогаш стациониран во Дрезден, врши инвазија на своите соседи и убива политички противници, изјави Помпео.

Тој додаде дека „во Кина Комунистичката партија обликува нова визија на ауторитаризмот.

Покана за утрешната прослава германските власти испратиле и на Русија.