Свет 20. септември 2018. / 12:01

Помпео: Русија се однесува агресивно, но Кина е поголема закана за САД

Помпео: Русија се однесува агресивно, но Кина е поголема закана за САД

Американскиот државен секретар Мајк Помпео смета дека Кина е поголема закана за САД од Русија.

– Русија се однесува агресивно. Се обидува да се меша во нашите избори. Русија под раководство на Владимир Путин останува „силеџија“. Треба да и дадеме отпор и да ја задржиме каде и да стигнеме, изјави Помпео во интервју за телевизијата „Фокс њуз“, одговарајќи на прашањето од каде доаѓа најголемата закана, дали од Москва или од Пекинг.

– Меѓутоа, во долгорочна перспектива, ако се гледаат заканите по начинот на живот на Американците, кои создаваат ризици за продолжување на економскиот раст на Америка, Кина е многу поголема закана, додаде државниот секретар.

Претходно „Фокс Њуз“ јави дека Пентагон ги ставил Русија и Кина на списокот главни непријатели во својата стратегија за кибер безбедност.

Според документот, САД се соочуваат со „неизбежни и неприфатливи закани штетни за кибер активноста” и се заглавени во „долгорочно стратешко ривалство со Кина и Русија”.