Свет 08. ноември 2019. / 18:11

Помпео порача дека НАТО мора да се менува или ќе биде надминато

Помпео порача дека НАТО мора да се менува или ќе биде надминато

Американскиот државен секретар Мајк Помпео од Берлин предупреди дека НАТО мора да расте и да се менува или постои разик да биде надминато.

Одговарајќи на прашања на новинарите дали е НАТО застарено или доживелао „мозочен удар“, како што оцени францускиот претседател Емануел Макрон, Помпео изјави дека поминале 70 години и дека Алијансата треба да  расте и да се менува, односно дека треба да се соочи со реалноста и предизвиците на денешнината.

– Доколку земјите сметаат дека можат да имаат безбедносна корист, а на Алијансата да не и пружаат неопходни ресурси, или да не ги почитуваат своите обврски, тогаш постои ризик НАТО да стане неефикасно и застарено – порача Помпео.