Американскиот државен секретар, Мајк Помпео изјави дека се надева оти во брзо време се можни разговори кои би можеле да го оживеат дијалогот за денуклеаризација со Северна Кореја.
Тој сепак нагласи дека не е планиран самит на лидерите.
–Се надеваме дека можеме наскоро да имаме дискусија на работно ниво, рече Помпео ден пред да замине за Азија.