Свет 05. март 2020. / 21:52

Помпео ја осуди одлуката на Меѓународниот кривичен суд да спроведува истраги за злосторства во Авганистан

Помпео ја осуди одлуката на Меѓународниот кривичен суд да спроведува истраги за злосторства во Авганистан

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја критикуваше одлуката на апелација во Меѓународниот кривичен суд (МКС) за спроведување истрага за можни злосторства од страна на талибанците, САД и авганистанската армија во Авганиста.

Ова навистина е обесхрабрувачки чекор на еден неодговорен политички орган кој се маскира како суд на правдата – изјави Помпео.

Според него, одлуката е избрзана со оглед на тоа што само неколку денови пред нејзиното донесување САД го потпишале историскиот мировен договор за Авгаиниста, кој, како што истакна Помпео, е најдобра шанса за мир во оваа генерација.

Помпео потсети дека авганистанската Влада побарала од МКС да не оди во таа насока, но дека „политичарите во МКС имаат други цели“.

САД не се член на МКС и ќе ги преземеме сите неопходни мерки за заштита на нашите граѓани од тој отпаднички, таканаречен суд. Ова е уште едно потсетување за тоа што се случува кога во мултилатералните органи нема контрола и одговорно лидерство, и тие стануваат инструмети на политичка одмазда. МКС денеска на тажен начин го потврди сето она што го укажуваа неговите најгласни критичари во текот на последните три децении – истакна Помпео