Свет 19. јули 2018. / 14:17

Помошник на Макрон тепал демонстранти на Денот на трудот (ВИДЕО)

Помошник на Макрон тепал демонстранти на Денот на трудот (ВИДЕО)

Помошник на францускиот претседател е испратен на принуден одмор во траење од две недели откако во мај годинава бил забележан како тепа демонстранти во Париз, изјави портпаролот на канцеларијата на претседателот.

Секоја година на меѓународниот Ден на трудот синдикатите во Франција организираат протести кои често завршуваат со големи нереди и полициски интервенции.

На социјалните мрежи неодамна се прошири видео каде што човек со полициски шлем, заедно со други полицајци ги удра демонстрантите. Подоцна, откриено е дека тој бил Александре Бенала, член на претседателскиот кабинет.

 

„На Бенала му беше дозволено да присуствува на протестот како набљудувач“, рече портпаролот на претседателот, Бруно Рожер Пети.

„Очигледно е дека претерал… Шефот на кабинетот веднаш му изрече суспензија од 15 дена, како казна за неприфатливото однесување“, објаснил портпаролот.

Ројтерс од судски извори дознава дека канцеларијата на обвинителот, откако била информирана за инцидентот, започнала истрага во четвртокот. Неколку лидери на опозицијата ја критикуваа казната за Бенала со оброзложение дека е премногу блага.

„Видеото е шокантно. Создава чувство како луѓето на Макрон да се над законот. Претседателот треба да се изјасни за случајот што е можно поскоро“, рече лидерот на конзервативната Републиканска партија.