Свет 02. октомври 2018. / 16:14

Полските полицајци протестираа во Варшава, барајќи повисоки плати

Полските полицајци протестираа во Варшава, барајќи повисоки плати

Неколку илјади полски полицајци денеска протестираа во Варшава, барајќи или повисоки плати или подобри услови за пензионирање.

Просечната полициска плата изнесува 600 евра, а до 2013 година полицајците во Полска можеа и да се пензионираат со поминати 25 години во службата, дури и ако немаат навршено 55-годишна возраст.

Синдикатите бараат да им се врати ова право, како и да се зголемат платите, со цел за да се пополнат некои од речиси 7.000 отворени места во полициската служба.