Свет 14. ноември 2019. / 20:30

Полскиот прмеиер Матеуш Моравјецки повторно доби мандат да формира влада

Полскиот прмеиер Матеуш Моравјецки повторно доби мандат да формира влада

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки доби нови мандат да формира влада откако владејачката десничарска партија „Право и правда“ на изборите повторно освои мнозинство.

Се очекува новата влада да биде составена од истите министри од владејачката „Право и правда“, и дека Моравјецки ќе посвети повеќе внимание на Европска Унија и на климатските промени.