Свет 13. август 2018. / 13:32

Полска: Евакуирани повеќе од 2 000 луѓе поради отстранување на бомби

Полска: Евакуирани повеќе од 2 000 луѓе поради отстранување на бомби

Повеќе од 2 000 луѓе се евакуирани од одморалиштето Колобжек во истоимениот град во Полска, поради отсранување на три бомби. Полските експерти на морнарицата од дното на Балтичкото Море работат на отстранување на три бомби од Втората светска војна.

Како што изјави портпаролот на локалната единица на морнарицата, Јацек Квијатковски, додека стручните лица ги припремале бомбите за да ги префрлат на полигон за контролирана експлозија, пронајден бил уште еден метален објект, за кој се сомневаат дека станува збор за уште една бомба.