Свет 16. април 2020. / 12:33

Половина од заразените со Ковид-19 во Москва се помлади од 45 години

Половина од заразените со Ковид-19 во Москва се помлади од 45 години

Половина од новозаразените лица со Ковид-19 во Москва се луѓе под 45 години, објави Московскиот кризен центар.

– Повеќе од 45 проценти од новите пациенти се на возраст од 18 до 45 години, 35 проценти се меѓу 46 и 65 години, 14,5 проценти се над 65 години, а 5,5 проценти се деца, се вели во соопштението.

Сите лица кои имале контакт со заразени се под медицински надзор.