Свет 06. јануари 2021. / 18:20

Политико: Трамп го признава поразот, но тврди дека при фер избори ќе победел

Политико: Трамп го признава поразот, но тврди дека при фер избори ќе победел

Американскиот претседател Доналд Трамп во приватни разговори признал дека изгубил на претседателските избори. Тој знае дека Џо Бајден ќе го смени од функцијата. Милијардерот сфаќа дека Конгресот денеска ќе ги потврди резултатите од изборите, објави Политико повикувајќи се на неименувани извори.

Според Политико, Трамп бил разочаран од поразот на изборите за претседател на САД.

– Шефот на државата го признал поразот, но продолжува да говори дека ќе победел при фер избори, иако не даде докази за изборна измама, наведува Политико.

Трамп дури разговарал за плановите со неговиот тим за повлекување од Вашингтон, и разгледувано е кога да се пресели во Мар-а-Лаго, Флорида.

Медиумот, повикувајќи се на свои извори, нагласува дека Трамп се обидува да го привлече вниманието на јавноста и да им даде на своите поддржувачи тоа што сакаат.

Тимот на Трамп се надева дека ќе обезбеди поддршка од 180 конгресмени и 13 сенатори за да ја блокира победата на Бајден, што веројатно ќе ја претвори традиционално кратката церемонија во долг настан. Доколку пратениците ги оспорат резултатите од клучните држави Пенсилванија, Невада, Висконсин, Џорџија, Мичиген и Аризона, гласањето може да биде в четврток.