Свет 03. август 2018. / 10:02

Полицијата во Шведска поради банална причина уби момче со Даунов синдром

Полицијата во Шведска поради банална причина уби момче со Даунов синдром

Шведската полиција во центарот на Стокхолм уби момче со Даунов синдром, кој со себе носел играчка пиштол.

Полицијата пукала во 20 годишниот Ерик Торел, реагирајќи на „опасна ситуација“. откако претходно добиле дојава за момче кое се шета со пиштол во центарот на градот.

Тие побарале од Ерик да го предаде оружјето, а откако одбил да го направи тоа, почнале да пукаат во него. Подоцна е откриено дека се работи за момче со Даунов синдром, кое било пријавен за исчезнато, неколку часа пред да се случи инцидентот.

Неговата мајка го опишала како мирна и фина личност, која покрај менталните проблеми, имал и проблеми со аутизам и не можел правилно да зборува.