Свет 05. септември 2020. / 22:30

Полицијата во Мелбурн уапси 15 лица на протестот против карантинските мерки

Полицијата во Мелбурн уапси 15 лица на протестот против карантинските мерки

Полицијата во австралиската држава Викторија уапси најмалку 15 лица поради протестот против карантинските мерки воведени во градот Мелбурн поради пандемијата на коронавирусот.

Рестриктивните мерки во Мелбурн вклучуваат и ноќен полициски час.

На протестите учествуваа околу 300 лица, а четворица мажи беа уапсени за поттикнување демонстрации планирани на повеќе локации во градот, додека подоцна, за време на протестите, имаше апсења на демонстранти, вклучително и за неносење заштитна маска за лице.

Викторија е најтешко погодена земја во Австралија кога станува збор за пандемијата, а според последните податоци евидентирани се уште 76 случаи на зараза и 11 нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а вкупниот црн биланс на пандемијата во Австралија достигна 748.