Свет 22. јули 2020. / 11:28

Полицијата во Мексико случајно пронајде 23 киднапирани деца

Полицијата во Мексико случајно пронајде 23 киднапирани деца

Полицијата во мексиканската сојузна држава Чијапас, случајно открила 23 киднапирани деца.

Потрагата по исчезнатото 2,5-годишно момче, Дилан Перез, во градот Сан Кристобал ја довела полицијата до куќа каде што биле сместени киднапираните деца.

Пронајдените деца биле на возраст од две до 15 години, а постојано биле изложени на физичко и психичко насилство.