Свет 27. ноември 2019. / 14:31

Полицијата во Хонг Конг планира да влезе во блокираниот универзитет

Полицијата во Хонг Конг планира да влезе во блокираниот универзитет

Хонгконгшката полиција соопшти дека планира да влезе во блокираниот универзитет за да ги исчисти опасните материи пред да ја укине 10-дневната опсада, откако тимовите за пребарување не пронајдоа докази дека демонстрантите се уште се таму.

Началникот на полициската област Хо Јун-синг рече дека тимови за заштита составени од експерти за отстранување експлозиви утре наутро ќе одат во Политехничкиот универзитет за да соберат докази и да ги отстранат резервите хемиски и опасни материи, вклучувајќи гасни бомби и корозивни течности.

Се додава дека одлуката е донесена откако тимовите за пребарување, дури и по два последователни дена од пребарувањето на кампусот во Хонг Конг, не пронашле докази дека демонстрантите се уште се таму.

Некои светски агенции јавија декa вчера таму била пронајдена една млада жена во лоша состојба.