Свет 04. ноември 2020. / 11:30

Полицијата негира дека имало заложничка криза во Москва

Полицијата негира дека имало заложничка криза во Москва

Московската полиција ја демантираше веста дека непознато лице држи луѓе како заложници во северниот дел на Москва и се заканува дека ќе активира експлозив, објави прес-службата на руското Министерство за внатрешни работи.

 Веста за заложничката криза не одговара на реалноста, наведува прес-службата.

Руските медиуми претходно јавија дека непознат напаѓач земал заложници во стан во северниот дел на Москва и се заканил дека ќе активира експлозивни направи.