Полицијата на Тајланд, денеска пронајде тела на британски маж и неговата сопруга од Тајланд, закопани во близина на потокот на нивниот имот на северот од земјата, откако пред неколку дена биле пријавени за исчезнати.
Ален Хог (64) бизнисмен во пензија и неговата сопруга Нод Саден (61) се водеа за исчезнати од минатата недела, пренесе Ројтерс.
Полицијата во врска со убиството уапсила три лица.
Портпаролот на британската амбасада во Бангког изјави дека се во контакт со тајландските власти и дека пружат поддршка во истрагата.