Свет 09. јули 2018. / 20:50

Полицијата ликвидираше напаѓач со нож во Франција

Полицијата ликвидираше напаѓач со нож во Франција

Француски полицајци ликвидирале маж кој се обидел со нож да нападне луѓе во град во северна Франција, јави локалниот весник „Курие Пикар“.

Според весникот, екстремистот извикуваал „Алах Акбар“ („Алах е голем“).

Минувачите кои го виделе побрзале да се скријат во своите домови. Потоа, напаѓачот почнал со ножот да удира по паркираните автомобили. Очевидци изјавиле дека напаѓачот бил „исклучително агресивен“ и „изгледал како човек под влијание на дрога“.

Полицијата неколку пати го погодила со електрошокови испукани од специјални пиштоли, поради што откажало срцето на напаѓачот. Полицајците не успеле да го спасат и тој починал на лице место.