Свет 02. јуни 2020. / 12:01

Полицаец застрелан во глава на протестите во Лас Вегас

Полицаец застрелан во глава на протестите во Лас Вегас

Полицаец од Лас Вегас е убиен откако му било пукано во главата во едно од двете престрелки кои се случија на протестите поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесуваат локалните медиуми.

Тој е убиен во близина на хотелот и казино „Циркус“. Второто пукање се случило во близина на зградата на сојузниот суд, каде полицајците неколку пати погодиле осомничен кој пукал во судницата.

Двајца полицајци се повредени во Бафало и во државата Њујорк. Во нив удрил автомобил во понеделникот вечерта, а еден од полицајците е во животно загрозувачка состојба.

Во Сент Луис се ранети четери полицајци.

– Четворица полицајци се погодени со куршуми од огнено оружје. Сите се префрлени во околната болница и се во стабилна состојба, соопшти тамошната полиција.