Повеќе од половина милион Британци се пријавиле доброволно да помагаат на Националната здравствена служба, иако Владата очекувала да се регистрираат околу 250.000 луѓе, соопшти британскиот министер за здравство Мат Хенкок.
Волонтерите ќе бидат задолжени за различни работи, како што се купување намирници, лекови и други материјали за лицата кои се во изолација поради корона вирусот.
Волонтерите, исто така, повремено ќе транспортираат медицински материјали и пациенти кои се отпуштени од болница, но ќе разговараат и со луѓе кои се чувствуваат осамено додека престојуваат во самоизолација.