Свет 02. септември 2018. / 10:27

Погребот на Мекејн искористен како Анти-Трамп кампања

Погребот на Мекејн искористен како Анти-Трамп кампања

Погребот на Мекејн стана светски настан кој голем број политичари го искористија за да го напаѓаат претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, пишува интернет изданието “The Gateway Pundit”.

Меган Мекејн, ќерка на починатиот сенатор, ја искористи предноста на говорницата и во својот говор и неколку пати директно го нападна Трамп. Исто така, следеа поранешните претседатели Џорџ Буш Џуниор и Барак Обама. Според желбата на Мекејн пред смртта, Трамп не присуствуваше на погребот.

Меѓу публиката, сепак, беа неговата ќерка, Иванка и нејзиниот сопруг, Џаред Кушнер.

Многумина Американци искажаа незадоволство на социјалните мрежи од крајното политизација на настанот и истакнаа дека шефот на државата а е критикуван од политичката класа како целина, без разлика на партиската припадност.

И додека елитата во престолнината Вашингтон издига Мекејн како голем американски херој, корисници на “Твитер” потсетуваат дека само пред неколку месеци истражување, спроведено меѓу повеќе од 275 илјади регистрирани гласачи, го определи на Мекејн на трето место на листата на најнепопуларните сенатори.