Свет 21. јули 2020. / 10:56

Подготвена е првата руска вакцина против коронавирусот

Подготвена е првата руска вакцина против коронавирусот

Првата руска вакцина против коронавирусот е подготвена, изјави првиот заменик на министерот за одбрана на Русија Руслан Цаликов.

Тој истакна дека работата на руските воени виролози на создавањето на вакцина е завршена и дека втората група на доброволци, кои учествувале во клиничките тестирања на вакцината, ја напуштиле болницата откако им се направени контролни анализи.

Наши експерти и научници од Националниот истражувачки центар веќе ги направија конечните проценки од резултатите од тестирањето. Во моментот на отпуштање (од болница) сите доброволци,без исклучок, стекнаа имунитет на Ковид-19 и се чувствуваат добро. Значи, првата руска вакцина против овој вирус е подготвена – изјавил Цаликов засписанието „Аргументи и факти“.

Тој појасни дека руските воени виролози, заедно со водечките научни организации во земјата, активно работата на создавање вакцина против опасни болести, што беше одлучувачка причина за тоа војниците-доброволци да престанат да учествуваат во тестирањето на вакцината.

Порано шефицата на Центарот за клинички прoучувања на лековите од Универзитетот „Сеченов“, Елена Смоларчук, соопшти дека сите доброволци, на кои е тестирана вакцината на Универзитетот „Сеченов“, стекнале имунитет.

Колку долго вакцинираните лица ќе поседуваат имунитет на коронавирус, засега е тешко да се каже, додала Смоларчук.