Свет 25. февруари 2021. / 08:53

Поделени мислењата околу слободното патување: EУ денеска треба да донесе одлука за ковид-пасош

Поделени мислењата околу слободното патување: EУ денеска треба да донесе одлука за ковид-пасош

Европските лидери денеска ќе одржат состанок на кој ќе се договорат за сертификат за граѓаните на Европската унија кои биле вакцинирани против Ковид-19, но извесно е дека членките на ЕУ не се согласуваат по ова прашање.

Сега кога вакцинацијата се зголеми низ цела Европа, некои европски влади, како што се Грција и Шпанија, бараат брзо усвојување на ЕУ-сертификат за оние кои веќе се вакцинирале, за да можат слободно да патуваат, јави Гардијан.

Сепак, како што се наведува, некои земји, како Франција и Германија, не се за таа идеја, бидејќи одлуката за сертификатот ќе ја направи вакцинацијата задолжителна и би значела дискриминација на луѓе на кои од одредени причини не им е дозволено или не сакаат се вакцинираат.

Франција, каде има силно движење против вакцинација, вети дека нема да ги принудува своите граѓани да се вакцинираат и смета дека идејата за пасоши за вакцинација е прерана.