Еден од неформалните лидери на движењето „Жолти елеци“, Ерик Друе, синоќа е приведен во Париз поради организирање на протест без претходно да го пријави.
„Апсењето на Друе е целосно неоправдано и произволно“, изјави адвокатката Кеопс Лара.
Таа додаде дека повторното апсење на нејзиниот клинет било по барање на префекрурата без јавното обвинителство, кое според неа се покажало „дефинитивно послушно и прилагодливо“, бидејќи не се спротистави на мерката притвор за Друе.
На 22 декември Друе беше уапсен за време на протестите во Париз поради „носење на забрането оружје“ – стап – и за тоа ќе му се суди на 5 јуни.
Тој, исто така, предизвика контроверзи со повикот испратен преку БФМ ТВ „ да се влезе“ во Елисејската палата. Тој потоа се оградуваше од своите изјави.
Претседателката на Национален сојуз Марин ле Пен и пратеникот на Бунтовна Франција Ерик Кокерол го осудија апсењето на Друе посочувајќи дека се врши „систематското кршење на правата“ на противниците на Макрон и нивен „прогон“.