Седумгодишно девојче , која заедно со родителите ја минале мексиканско – американската граница, починала само неколку часа откако семејството и било однесено во притвор.
Девојчето од Гватемала , кое минатата недела пристигнала во САД заедно со група мигранти , починало од дехидратација и шок, известуваат американските медиуми. Тие ги цитираат пограничните власти , кои тврдат дека неколку дена девојчето ништо не јадела и не пиела.
Ова е еден од најдрастичните примери , по двомесечното патешествие на неколку илјади мигранти од Централна и Јужна Америка , кои поминаа повеќе илјади километри за преку Мексико да влезат во САД.
Американските власти потврдуваат дека девојчето починало откако добило температура и грчеви , додека минатиот четврток поминала осум часа во притвор.
Била префрлена во болница во Ел Пасо и таму починала од срцев удар по 24 часа. Министерството за државна безбедностизрази сочуство за семејстовот на девојчето со апел до мигрантите илегално да не ја преминуваат границата и да се изложуваат себеси и своите семејства на непотребен ризик.