Свет 10. април 2019. / 21:54

Почина мајката на Ангела Меркел

Почина мајката на Ангела Меркел

Почина мајката на германската канцеларка Ангела Меркел, Херлинд Казнер, изјавил портпаролот на владата не наведувајќи други детали.

Германските медиуми пренесуваат дека Казнер, професорка по латински и англиски јазик, секогаш повлечена и дискретна, починала на почетокот на април во 90. година од животот.