Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации (ОН) и добитник на Нобеловата награда за мир, Кофи Анан, почина денес на 80-годишна возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за миграции на ОН, по повод смртта на Анан, на профилот на Твитер објави: „Денес изгубивме голем човек, лидер и визионер.“
Кофи Анан и ОН во 2001 година добија Нобелова награда за својот придонес кон мирот во светот.
Анан својата кариера ја започна во 1962 година во Светската здравствена организација. Од 1972 до 1974 година беше директор за туризам во Гана. Од 1987 година држеше некои од најважните позиции во ОН, вклучувајќи го местото помошник на главниот секретар. Во 1990 година беше задолжен за мировни операции, а од октомври 1995 година беше и посебен пратеник на ОН за поранешна Југославија.
Советот за безбедност на ОН на 13 декември во 1996 година го именуваше Анан за генерален секретар. Мандатот му беше обновен во 2002 година.