Свет 11. ноември 2020. / 20:25

Победа во Аљаска – на Републиканците им треба само едно место за мнозинство во Сенатот

Победа во Аљаска – на Републиканците им треба само едно место за мнозинство во Сенатот

Републиканецот Ден Саливан победи на изборите за Сенатот во Аљаска, што значи дека на Републиканците им е потребно само едно место за да го задржат мнозинството во горниот дом.

За тоа кој ќе го контролира Сенатот, зависи од изборите во Џорџија. Моменталната ситуација е 50-48 во корист на Републиканците, со тоа што остануваат две сенаторски места од Џорџија кои треба да бидат прогласени во корист на едната или другата партија.

Во случај на победа на демократите во Џорџија, местата во Сенатот би биле распределени подеднакво, 50 седишта за демократите и исто толку за републиканците. Во тој случај, при гласање за разни прашања, одлуката ќе падне на 101-от глас, кој е резервиран за потпретседателката Камала Харис.

Но, како што веќе беше објавено на Лидер, изборите во Џорџија се далеку од готови. Започнато е рачното пребројување на гласовите, за кое Доналд Трамп е убеден дека ќе биде исправна одлука и дека тој ќе победи во истото. Во случај на пресврт, Републиканците ќе уживаат сигурно мнозинство во Сенатот, а шансите на Трамп за победа на овие избори ќе се зголемат.