Свет 28. септември 2018. / 17:22

По земјотресите со јачина од над 7 степени, цунами ја погоди Индонезија (ВИДЕО)

По земјотресите со јачина од над 7 степени, цунами ја погоди Индонезија (ВИДЕО)

Цунами го зафати островот Сулавеси во Индонезија, откако претходно го погодија два силни земјотреси, еден од нив со јачина од 7,5 степени по Рихтер.

Земјотресот ги урна куќите на островот, при што загина најмалку едно лице, а десетици се повредени.

Земјотресите предизвикаа цунами , што го погоди градот Палу на индонезискиот остров Сулавеси. Се уште нема податоци за евентуални жртви и повредени во цунамито.