Масумех Ебтекар, потпретседателката на Иран имала позитивен тест на корона вирус, објавија државните медиуми. Претходно беше соопштено дека со корона вирусот се заразил и заменик министерот за здравство.
Потпретседателката е меѓу 254 заразени со корона вирусот во земјата, во која досега починале 26 луѓе, што значи дека стапката на смртност е 10 отсто, пет пати повеќе од Кина. Во последните 24 часа, во Иран имало 106 новозаразени.
Ебтекар, која е потпретседателка за жени и семејни работи, имала благи симптоми и досега не е примена во болница.