Патниците кои ги користат услугите на нискобуџетниот авиопревозник Рајанер од сега ќе мора да плаќаат за внесување во кабината рачен багаж поголем од мала лична торба.
Досега патниците можеа да внесат во кабината бесплатен багаж со тежина до 10 килограми, но според новите плавила, тоа веќе нема да важи.
Според новиот правилник патниците кои сакаат да внесат било што поголемо од мала лична торба, мора дополнително да платат. Тоа не е случај ако користат приоритетна услуга. Приоритетниот бординг чини шест евра. Патниците кои не ја користат оваа услуга ќе мора да платат 10 евра за дополнителен багаж, пренесува АП.
Новите правила се критикувани на социјалните мрежи.