Свет 18. ноември 2019. / 10:56

По систематскиот преглед, Трамп се пофали дека има одлично здравје

По систематскиот преглед, Трамп се пофали дека има одлично здравје

Американскиот претседател Доналд Трамп по првата фаза од годинешниот систематски преглед објави дека неговото здравје е многу добро.

– Се е многу добро (одлично!). Ќе го завршам прегледот следната година – напиша Трамп на Твитер по прегледот во Националниот воено медицнски центар „Волтер Риџ“ во Вашингтон.

Трамп се сретнал и со лекарите од болницата и им се заблагодари за грижата за американските војници, како и за членовите на семејствата на повредените припадници на специјалните сили повредени во Авганистан.