Свет 13. ноември 2020. / 22:19

По се’ изгледа дека Трамп ќе признае пораз – најавено обраќање за вечерва

По се’ изгледа дека Трамп ќе признае пораз – најавено обраќање за вечерва

Претходно денеска, компанијата „Едисон Рисрч“ проектираше дека Бајден ја доби и Аризона, уште една од клучните држави
Советниците на Трамп тврдат дека тој се повеќе е свесен дека е работата е завршена, а во следниот час е најавено негово обраќање
Џозеф Бајден ќе обезбеди победа и во сојузната држава Џорџија, покажуваат вечерашните проекции на ТВ мрежата Си-ен-ен.

Победата на Бајден во оваа одлучувачка држава, според аналитичарите на ТВ мрежата значи голем удар врз републиканците чие упориште беше оваа држава изминативе 28 години. Последен пат, кога демократ победил во Џорџија е Бил Клинтон во 1992 година.

Со оваа победа, Бајден доби уште 16 изборни гласови, со што достигна 306 – што е еднакво на вкупниот број електорски гласови што во 2016 ги освои Доналд Трамп.

Со проекцијата на Си-ен-ен дека Трамп ќе ја освои Северна Каролина, во моментов резултат во Изборниот колеџ е 306 за Бајден спрема 232 за Трамп.

Во Џорџија, на самиот почеток Трамп беше во предност, но со текот на пребројувањето на гласовите, Бајден го презеде водството.

Претходно денеска, компанијата „Едисон Рисрч“ проектираше дека Бајден ја доби и Аризона, уште една од клучните држави.

Според проекциите, од 99 отсто преброени гласачи ливчиња, за Бајден гласале 49,4 отсто од излезените гласачи, додека за Трамп гласале 49,1 отсто. Разликата е повеќе од 11 000 гласови во полза на Бајден.

Ова е уште еден сериозен удар врз напорите на претседателот Доналд Трамп да ги поништи резултатите од претседателските избори на 3 ноември.

Правни експерти за американските медиуми изјавуваат дека судските спорови имаат мали шанси да го сменат резултатот, а официјалните претставници на Аризона изјавија дека не гледаат докази за сериозни неправилности или измама.

Во меѓувреме, советниците на Трамп тврдат дека тој се повеќе е свесен дека е работата е завршена.

Тие тврдат дека во моментов не постои вистинска стратегија во неговите постапки, бидејќи тој само гледа да „преживее од еден во друг циклус на вести“, пренесува весникот.

Неговите советници тврдат дека Трамп сега сериозно размислува да се кандидира повторно во 2024 година за претседател, бидејќи се повеќе станува јасно дека постои мала веројатност да остане во Белата куќа.