Свет 10. јули 2020. / 09:34

По претседателот на Бразил и претседателката на Боливија позитивна на Ковид-19

По претседателот на Бразил и претседателката на Боливија позитивна на Ковид-19

Јужна Америка е најновиот епицентар на пандемијата на Ковид-19, а тоа освен што се манифестира со големиот бој позитивни граѓани на јужноамериканските држави, предизвика позитивни тестови и на неколку високи функционери.

Откако пред неколку дена, беше потврден позитивниот тест на претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, зараза со корона вирусот е потврден и кај претседателката на Боливија, Жанин Ањез.

Таа самата ја соопшти веста, објавувајќи видео на социјалните мрежи во кое информира за својот позитивен тест и објаснува дека се чувствува добро.

Ќе ги извршувам своите обврски од дома. Заедно ќе излеземе од оваа криза – порача Ањез.

Освен Ањез, уште неколку членови на нејзиниот Кабинет се позитивни на вирусот, меѓу кои се и министрите за здравство и за рударство.

Според последните податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, во Боливија има повеќе од 44 илјади заразени и 1.638 починати од пандемијата на Ковид-19.