На барање на командантот на армија и со цел да се обезбеди мир во земјата, претседателот на Боливија, Ево Моралес, соопшти дека поднесува оставка. Моралес образложи дека тоа го праи за „доброто на земјата“ и повика на итни разговори со опозицијата поради повеќенеделните немири во земјата.
Вооружените сили на Боливија претходно соопштија дека наредиле воздушни и копнени операции за „неутрализација“ на вооружените групи кои делуваат надвор од законот.
Исто така, вчера Организацијата на американски држави (ОАС) соопшти дека со ревизија е утврдено дека имало неправилности на изборите одржани на 20 окотмври, на кои Моралес го освои четвртиот мандат, пренесоа британските медиуми.
Моралес најави дка ќе распише нови избори, бидејќи по неговата победа земјата западнала во криза.
– Одлучив да ги заменам сите членови на Централната изборна комисија – Моралес во телевизиско интервју.
Тој наведе дека ќе распише нови избори за „боливискиот народ на демократски начин да ја избере новата власт“.
– За да го сочуваме мирот во нашата сакана земја итно на преговори ги повикувам претставниците на партииите кои освоија места на изборите – напиша Моралес на Твитер.
Al convocar a nuevas elecciones nacionales garantizamos que el pueblo de manera libre, democrática y pacífica, mediante el voto, elija a sus nuevas autoridades incorporando a los nuevos actores políticos.
— Evo Morales Ayma (@evoespueblo) November 10, 2019
Моралес ги повика и активистите за човекови права, како и меѓународните организации, да се придружат во незадоволството против, како што кажа „антидемократските групи кои го почнаа државниот удар во Боливија“.
Неколку полициски единици во најмалку четири региони од земјата се побуниле против владата во екот на протестите почнати поради обвинувањата за измама на изборите од 20 октомври, на кои Моралес однесе убедлива победа уште во првиот круг од гласањето.
Боливиската изборна комиисја го отфрли тврдењата дека се откриени неправилности во пребројувањето на гласовите на изборите, но демонстрантите и натаму инсистираат на нови избори.
Во немирите досега се убиени седум лица, а повеќе тристотини се повредени.